|

Ковачевски за набавката на „трикафта“: Немам намера да дозволам да ни умре друг пациент поради оваа невозможна бирократија

Премиерот Димитар Ковачевски тврди дека парите за набавка на „трикафта“ за сите најитни пациенти се издвоени од буџетот. Посочи дека лично се заложил лекот да се набави во најкраток рок. Дециден е дека намерата му е да не умре друг пациент. Смета дека проблемот е во бирократијата. Немаше конкретен одговор зошто порано не реагирал, а со оглед дека болните од цистична фиброза бијат борба за терапија веќе неколку години.

„Уште утрово се преземени конкретни чекори. Решив веднаш да се одвојат средства од ФЗО за најкритичните болни од цистична фиброза. Утрово, Управниот одбор на ФЗО донесе одлука за да се обезбедат сите средства за сите критични пациенти во согласност со барањата на Детската клиника. Очекувам лекот да биде достапен исклучително бргу бидејќи МАЛМЕД има задача веднаш да го регистрираат. Бирото за јавни набавки има задача да ги обезбеди сите документи за овој лек. Не може да чекаат на бесконечни тендери кога се работи за лек што го произведува еден производител. Сега јас лично ќе се заложам ова да се спроведе. Јас од вакви работи ПР не правам. Ова е вонредна мерка, тоа е јасно, но немам намера да ни умре друг пациент поради ова невозможна бирократија. Јас лично сум бил изложен двапати во животот со блиски членови на семејството на истата таа бирократија“, рече Ковачевски.

За измените на трите закони, кои треба да ги спремат министерствата, да се усвојат на Влада и да се достават до Собранието, премиерот рече: „Нема да станат додека не ги променат законите“.

Слични Објави