Ковачевски за најавениот спектакл на Груби: Им посакувам успех!
Премиерот Димитар Ковачевски денеска преку прес-конференција им посака посака успех на ДУИ на вечерaшната трибина на партијата во Чаир запрашан за тоа како го коментира собирот.
-Тоа се нормални активности на секоја политичка партија, како што во последниот квартал во 2022 година ги направи и нашата партија, СДСМ, кога имавме 70 трибини и кои завршија со големата трибина со над 11 илјади членови и симпатизери во СЦ „Борис Трајковски“, рече Ковачевски.
Првиот вицепремиер Артан Груби на својот фејсбук профил го најави големиот митинг закажан за денеска во Чаир на кој ќе присустува и Али Ахмети.
-Ми недостигаше ваква мобилизација и еуфорија каква што се создава кога се очекува да дојде националниот лидер Али Ахмети. Ветувам невиден спектакл, особено за младите, напиша Груби.
Тој напиша дека сите чаирчани се на нозе.
