|

Искусeн капетан на подморница запрепастен од она што го видел на снимката од внатрешноста на Титан: „Постои еден голем проблем“

Подморницата „Титан“ се уште не е лоцирана, а според предвидувањата на експертите – залихите со кислород биле потрошени во четвртокот околу 13 часот. Доктор Кен ЛеДез вели дека самата помисла „да бидат заробени во морските длабочини“ е застрашувачка, но дека во зависност од условите, некои можат да преживеат подолго од очекуваното. Во исто време, капетанот Рајан Рамзи вели дека бил шокиран од она што го видел внатре во подморницата.

„Зависи од тоа колку им е ладно и колку се ефикасни во зачувувањето на кислородот“, рече тој, додавајќи дека треперењето троши многу кислород, додека побавното дишење може да помогне во зачувувањето на кислородот.

„Исчезнувањето на кислородот е постепен процес, тоа не е како исклучување на светлото, тоа е како искачување на планина – температурата станува поладна и метаболизмот се забавува. Значи, се зависи од тоа колку брзо ќе се искачите на таа планина“, нагласува експертот.

Лекарот предупредил дека недостатокот на кислород не е единствената опасност со која се соочуваат оние во подморницата.

Екипажот најверојатно изгубил струја, што ќе влијае на количината на кислород и јаглерод диоксид во капсулата. Како што се намалува нивото на кислород, јаглерод диоксидот што го вдишува екипажот ќе почне да расте, а тоа, според него, може да има фатални последици.

„Како што се зголемува нивото на јаглерод диоксид, тој станува седатив, станува како гас за анестезија и човекот заспива. Премногу јаглерод диоксид во крвотокот, познат како хиперкапнија, може да убие човек“, објасни ЛеДез.

Поранешниот капетан на подморницата на Кралската морнарица, Рајан Ремзи, изјави дека гледал видеа од внатрешноста на „Титан“ и не го видел системот за отстранување на јаглерод диоксид, познат како чистач.

„За мене тоа е најголемиот проблем од сите“, вели Ремзи.

Во исто време, екипажот е во опасност од хипотермија.

Текстот Искусeн капетан на подморница запрепастен од она што го видел на снимката од внатрешноста на Титан: „Постои еден голем проблем“ е превземен од МАКФАКС.

Слични Објави