Во Благоевград открија спомен плоча на бежанците од Кукуш
Спомен плоча, посветена на 110-годишнината од бегството на жителите на Кукуш од градот и нивната населување во Горна Џумаја, е откриена во Благоевград.
Свежо цвеќе во знак на благодарност поставија потомци на бежанците од Кукуш, претставници на општина Благоевград, културни дејци и граѓани.
Спомен-обележјето го направи Иницијативен комитет, формиран од наследниците и потомците на бежанските семејства.
Спомен плочата се наоѓа во непосредна близина на бистата – споменик на Георги Измирлиев – Македончето. Во соработка на општина Благоевград беше поставена и информативна табела.
