| |

КОВИД-19: ДЕНЕСКА 166 НОВИ СЛУЧАИ ОД 1 049 ТЕСТИРАЊА, ПОЧИНАА 10 ПАЦИЕНТИ

Во последните 24 часа се регистрирани 166 нови случаи со ковид-19 од направени 1 049 тестирања, соопшти Министерството за здравство.

По градови, новите случаи се во: Скопје-88, Куманово-2, Штип-4, Прилеп-11, Тетово-13, Струга-11, Велес-1, Охрид-13, Кавадарци-4, Гостивар-7, Крива Паланка-2, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-2, Виница-1, Кичево-2, Неготино-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и 416 оздравени пациенти од: Скопје-175, Куманово-22, Дебар-7, Штип-12, Прилеп-15, Тетово-14, Струга-24, Велес-9, Битола-23, Охрид-26, Кавадарци-22, Гостивар-13, Гевгелија-4, Струмица-9, Крива Паланка-8, Радовиш-2, Крушево-2, Кочани-6, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-4, Валандово-3, Свети Николе-2, Кичево-1, Ресен-1 и Неготино-6.

Починати се 10 лица: тројца пациенти од Прилеп (79, 74 и 78 г); двајца од Штип (59 и 55 г); двајца пациенти од Скопје (86 и 66 г); еден од Куманово (72г); еден од Охрид (82г) и еден пациент од Радовиш (65г). Сите се починати во болнички услови.



Слични Објави