КОВИД-19 ОСТАВИ БЕЗ РАБОТА 30.000 ЛУЃЕ ВО БУГАРИЈА

/

Од воведувањето вонредна состојба во Бугарија на 13 март поради избивањето епидемија на новиот коронавирус, без работа останале 31.643 работници, односно околу 2.943 луѓе секој ден останувале без работа, пренесува „Спутник“.

Врвот, според овој показател, бил забележан вчера кога во Бирото за вработување се пријавиле 4.777 лица, соопшти бугарската министерка за труд и социјална политика, Деница Сачева.

Сачева наведе дека работата ја изгубиле главно вработени во турзимот, хотелиерството и ресторанскиот бизнис, како и во приватната трговија.



Во Бугарија досега се потврдени 449 случаи на зарзазни со Ковид-19, од кои 10 лица починале.

Извор: Макфакс



Претходна статија

OЈO OТВОРИ ПРЕДМЕТ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ КОИ ТЕПААТ ДЕВОЈЧЕ ВО ШТИП

Следна статија

МЗ: 30 НОВОЗАБОЛЕНИ, ВКУПНО 384 ЗАРАЗЕНИ

Најново од Вести