|

КРИКЕТ ЅВЕЗДАТА ИМРАН КАН ПОБЕДИ НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ВО ПАКИСТАН

Според официјалните резултати од парламентарните избори во Пакистан, некогашната светска ѕвезда во крикет Имран Кан извојува победа, но за да ја освои власта сепак ќе мора да бара сојузници за коалициска влада.

Денес, по долго броење на гласовте, изборната комисија објави дека партијата на Кан освоила 109 од 269 места во Парламентот. Пакистанската муслиманска лига која порано беше предводена од експпремиерот Наваз Шариф кој сега е во затвор освоила 63 мандати. Нејзиниот лидер Шабаз Шариф обвини за измама и манипулација и веќе ги отфрли резултатите. Пакистанската народна партија котира на третото место со освоени 39 мандати, а гласовите од 20 изборни единици се уште се бројат.

Парламентарните избори во Пакистан беа одбележани со насилство во кое животот го загуби најмалку 31 лице, а голем број беа повредени во сериозен изборен инцидент кога бомбаш самоубиец се саморазнесе покрај избирачко место во југозападен Пакистан.



Слични Објави