Кривична пријава против пироман од Скопје- со запаливо средство опожарил патничко возило во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје – Одделението за криминалистички работи Кисела Вода поднесе кривична пријава против Ж.И. (37) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Според информациите од полицијата, по спроведени мерки и активности било утврдено дека на 16 октомври 2025 година, на улицата „Народни херои“ во Скопје, пријавениот со запаливо средство предизвикал пожар во патничко возило марка „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.Н. (38) од Скопје. Од пожарот била предизвикана материјална штета проценета на околу 200.000 денари.
Осомничениот бил пронајден и лишен од слобода на 20 октомври 2025 година, а во службен разговор го признал делото. По насоки на јавен обвинител, против него е поднесена кривична пријава по брза постапка, а од Основниот кривичен суд Скопје му е определена мерка притвор во траење од осум дена.
