| |

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ ЗА „БЕСПРАВНО ГРАДЕЊЕ“

– Наместо да спречува дивоградби, градоначалникот С.Ј. дозволил објектот на Општина Карпош каде што е сместена општинската администрација да се изгради без одобрение за градба и без соодветно архитектноско-урбанистичка документација, соопшти Управата за финансиска полиција.

Пријава за „бесправно градење“ е поднесена и против Ј.К., надзорен инженер во Карапанчевски компани ДОЕЛ Скопје во својство на надзор и А.М., одговорно лице во правното лице АЛКОНПРОЕКТ ДООЕЛ Тетово во својство на изведувач поради постоење основање сомнение дека сториле кривично дело „бесправно градење“, како и против тие две правни лица.

Првопријавениот Јакимовски во својство на градоначалник на Карпош како инвеститор на изведување работи за „Демонтажа, дислокација и изградба на четврта и петта барака на бул. `Партизански одреди` бр. 68“ и „изведба на демонтирани и четврта и петта барака во рамки на урбанистичката парцела на ОУ „Лазо Трповски“, во тек на 2012 и 2013 година спротивно на членовите 56, 59 и 67 од Законот за градење без одобрение за градење и соодветна архитектонско-урбанистичка документација во име и за сметка на Општина Карпош изградил две бараки наменети за општинската администрација. Потоа, појаснува во соопштение Управата за финансиска полиција, поднел барање за легализација на двете бараки кое лично го потпишал иако согласно член 2 став 3 в.в. стр. 1 и 2 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти бараките не можеле да бидат предмет на легализација затоа што се изградени по стапување во сила на Законот за легализација.

Ј.К., пак, во својство на надзорен инженер во Карапанчевски компани, ангажиран од општина Карпош за вршење стручен надзор, во тек на 2012 и 2013 година согласно член 36 од Законот за градење бил должен да врши проверка над изградбата дали е во согласност со основниот проект и одобрението за градење и да го запознае инвеститорот и надлежниот градежен инспектор за утврдените недостатоци или неправилности констатирани во тек на градбата и да ги забележи во градежниот дневник. Спротивно на Законот за градење надзорниот инженер вршел надзор над демонтажата и изградбата на општинските бараки без одобрение за градење, потпишал градежен дневник, градежна книга и времена ситуација, соопшти Управата за финансиска полиција. (Целиот напис прочитајте го овде)



Слични Објави