| |

Кривична пријава за Тодоров за „несовесно работење во службата“

Финансовата полиција до Основно јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против поранешниот министер за здравство Никола Тодоров поради сомнение за „несовесно работење во службата“.

Пријавата се однесува на договори склучени од страна на Министерството за здравство, во текот на 2010 година по претходно спроведена постапка за јавна набавка, склучило договор за изведување градежни и градежно – занаетчиски работи за ЈЗУ Општа болница – Куманово, ЈЗУ Општа болница – Кочани и ЈЗУ Општа болница – Крива Паланка, со изведувачот Конструктор Инженеринг Ад Сплит.

Кривична пријава, како што соопштуваат од Финансовата полиција, е поднесена и против П.В., раководител на
Единицата за имплементација на Проектот за реконструкција и доградба на објекти на јавните здравствени установи во РМ при Министерството за здравство при што буџетот бил оштетен за околу 62 илјади евра.

Слични Објави