| |

Работна посета на министерот за надворешни работи Никола Димитров на Француската Република

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, утре (среда, 4 април 2018 година), ќе престојува во прва работна посета на Француската Република.

Покрај средбата со својот француски хомолог, Жан-Ив Ле Дриан, министер за Европа и надворешни работи, министерот Димитров ќе оствари средба и со Филип Етјен, политички советник на францускиот Претседател, како и со Претседателите на Групите за пријателство во Националното собрание и во Сенатот на Франција.

Во рамките на посетата, министерот Димитров ќе има и излагање на тема „Постигнувањата на Владата на Република Македонија во насока на остварување на заложбите за интеграција во европските и евро-атлантските структури“, на реномираниот Институт за меѓународни односи, ИФРИ.



Слични Објави