| |

КРСТЕ ЈОВАНОВСКИ: КАКО СЕГА ЌЕ ЈА ВИКАМЕ МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА?!

„Додека дишам, додека го дишам овој македонски воздух и додека ме држи памет, дека мојот дедо, мојот татко, сите мои предци, јас, мојот син и ќерка, сме Македонци, родени овде во Македонија. Промена на името не може да се случи.“ – тој тоа го кажуваше. Како да му верувам? Како да му веруваме? Јас не можам од оваа говорница како „попче“ да гласам како што некој рече претходно. Да ве прашам сега нешто, Војдан Чернодрински ја напишал Македонска  крвава свадба, како сега ќе ја викаме?! Во контекст на вистината  јас имам право да зборувам за патриотизам вие немате.  И на крај ви се заблагодарувам за епитетите кои ми ги дадовте дека сум добар актер, рече од собраниската говорница, пратеникот Крсте Јовановски од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, обраќајки се на премиерот Заев.



Слични Објави