| |

КРВАВА ТЕПАЧКА ВО ГОСТИВАР- СЕ КОРИСТЕЛЕ ХЕБЛА, СЕКИРИ, ТУПАНИЦИ

Од СВР Тетово информираат за физичка пресметка која се случила околу 10 часот на улица Беличица во Гостивар , во која учествувале повеќе лица.

Дваесет и четири гогишниот Е.И од Лакавица денеска околу 10 часот со возило „Голф“ со гостиварски таблици се движел по улицата „Беличица“ кон улицата „Бањешница“ во Гостивар. Движејќи се со своето возило му попречило на товарното возило „Мерцедес“ што го управувал Ч.Н. Тогаш возачот на „Мерцедесот“ слегол од возилото со метална хебла во раката и меѓусебно почнале да се туркаат, а потоа размениле и неколку удари. На местото набрзо пристигнал и синот на Ч.Н со уште едно лице кој со нога удрил во „Голфот“, а потоа зел мала секира со која замавнал по братот на Е.И (26) кој му возвратил удирајќи го по лицето, стои во соопштението од полицијата.

Случајни минувачи се вмешале во физичката пресметка и ги разделиле а двајцата браќа од Лакавица се приведени во полициската станица во Гостивар за натамошна постапка.

Очевидци на настанот информираат дека на лице место биле присутни две возила на Брза помош.

Слични Објави