КУРТО ДУДУШ МУ НУДЕЛ ПАРИ НА ТЕПАНИОТ ОД НЕГО ЗА ДА ЈА ПОВЛЕЧЕ ТУЖБАТА

Градоначалникот на општина Шуто Оризари го одложил судењето за физички напад кон својот некогашен соработник кој доби телесни повреди по блиска средба со него, пишува Алфа, пренесува Лидер. За потсетување Економски Лидер објави снимка, каде се слуша како Кутро Дудуш тепа и киднапира лице.

Според аудио материјалите што ги објави Лидер на почетокот на мај оваа година Курто Дудуш во присуство на уште четворица други луѓе го просториите на општина Шуто Оризари го тепал и му се заканувал на лице кое предходно му било личен возач.

Градоначалникот Курто Дудуш му нудел парична надокнада на нападнатиот за да се повлече од тужба тврдат негови блиски кои велат дека со недели тој добива непристојни понуди од емисари на првиот човек на Шуто Оризари, пишува Алфа.