|

Кузеска: Пецаков доделил пари на ракометен клуб во кој самиот тој е основач

На повидок е нов скандал во општините под капата на ДПМНЕ. Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, доделил пари на ракометен клуб во кој самиот тој е основач, објави на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Кузеска рече дека над 250 илјади евра се исплатени на ГРК Охрид од Општина Охрид како директна поддршка.

„Овие суми ги потврдува и ‘Службениот гласник’ на Општина Охрид број 14 од 28.12.2023 година. Сопственик на ГРК Охрид АД Охрид е РК Охрид 2013, каде што основач на ракометниот клуб е токму градоначалникот Кирил Пецаков. Значи, Пецаков преку Општината индиректно си префрла пари на самиот себе!? Директор на ГРК Охрид е Славчо Ристески, десна рака на градоначалникот Пецаков, воедно вработен во ЈП ‘Охридски комуналец’. Дали е ова случај на судир на интереси треба да утврди Државната комисија за спречување корупција“, рече Кузеска.

Како што додаде, надлежно обинителство треба да утврди дали е прекршен Кривичниот законик бидејќи градоначалникот доделил средства на клуб на кој токму тој е основач.



Слични Објави