БОРИСОВ ОД САМИТОТ ВО БРИСЕЛ: ГО ПОДДРЖУВАМЕ ЗАПАДЕН БАЛКАН НА ПАТОТ КОН ЕУ И БУГАРИЈА АКТИВНО ЌЕ РАБОТИ ВО ТАА НАСОКА

Со канцеларката на Германија, Ангела Меркел, ги поддржуваме земјите од Западен Балкан на патот кон ЕУ. Бугарија ќе продолжи да работи активно во тој правец и за време на заедничкото претседателство со Република Северна Македонија на Берлинскиот процес.

loading...

Ова на својот официјален фејсбук профил го напиша бугарскиот премиер Бојко Борисов за време на денешниот самит на Еу во Брисел.



loading...

Борисов не пишува што точно разговарале со Меркел и дали една од темите била непопустливата позиција на Бугарија и барањата поставени во Објаснувачкиот меморандум на патот на Македонија кон официјалниот почеток на преговорите за членство во ЕУ.