Кузеска: Со ДПМНЕ нема членство во ЕУ, ниту за 100 години
Со ДПМНЕ нема членство во ЕУ, ниту за 100 години! Mоже да бидат и сто години, а можеби и никогаш да не биде, рече на денешната прес-конференција Богданка Кузеска од СДСМ.
Според неа, признанието на Мицкоски во интервју пред целата јавност е само уште една потврда на сѐ што се говори.
„ДПМНЕ одработува за туѓи центри и слугува на странски интереси, кои не ѝ мислат добро на земјава.
Пропуштивме историска шанса во 2008 година за членство во НАТО и изгубивме 12 години поради ДПМНЕ“, вели Кузеска.
„Не смееме и нема да дозволиме сега од истата деструктивна партија, ДПМНЕ, да загубиме нови 12 години за членство во ЕУ.
Граѓаните немаат нови години за губење.
Кочењето на европскиот пат е на директна штета на граѓаните, на повисок стандард, поголеми плати, поголеми пензии, подобра иднина за младите.
Блокадите на ДПМНЕ и Левицата на европскиот пат се закана за иднината на државата и мора да бидат поразени.
Два политички блока имаме во земјата, два концепта, проевропскиот предводен од СДСМ и антиевропскиот предводен од ДПМНЕ и Левицата“, рече таа.
Според неа, изборите ќе бидат референдум за европската иднина на земјата. <
