ЛАЦИО ДОБИ ПОНУДА ОД 105 МИЛИОНИ ЗА МИЛИНКОВИЌ – САВИЌ

Сергеј Милинковиќ – Савиќ игра во врвна форма во последно време, па не е ни чудо што Лацио нареди осум победи по ред во Серија А.

Момците на Симоне Инзаги играат фантастично, а еден од најзаслужните за оваа серија е српскиот интернационалец. Италијанските медиуми пишуваат дека на адреса на Лацио веќе пристигнала понуда од 105 милиони евра за Милинковиќ-Савиќ и тоа од Реал Мадрид.

Србинот долго време е мета на европските гиганти, како Јувентус, Интер, Милан, Манчестер јунајтет и Реал Мадрид, но понудите не го задоволуваа претседателот Клаудио Лотито. Првиот човек на Лацио секогаш бараше сума од над 100 милиони евра, а конечно изгледа дека желбата ќе му се исполни.

Милинковиќ-Савиќ игра во дресот на „лацијалите“ од летото 2015 година, кога дојде до Генк за 18 милиони евра.

Извор: Спорт1



Слични Објави