Свикан итен состанок на Кризниот штаб на Град Скопје

/

По невремето кое го зафати градот Скопје, градоначалничката Данела Арсовска свика итен состанок на Кризниот штаб на Град Скопје, информираат од градската самоуправа.

Инаку, поплднево невремето проследено со пороен дожд, град, грмотевици и ветер што го зафати Скопје, предизвика поплавување на улици, подвозници, куќи и дворови. Има и искрешни дрва и гранки.

Силниот дожд и градот го отежнуваат движењето по улиците чии коловози се под вода.



Од ЦУК информираат дека освен Скопје, од невреме попладнево се зафатени и Штип, Велес, Демир Хисар, Свети Николе.

УХМР најави дека нестабилното време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе се задржи до петок, особено во попладенвните часови. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и услови за појава на град.



Претходна статија

Гимназијата „Сами Фрашери“ во Куманово ќе добие нов училишен објект, МОН и Владата ќе го решат деценискиот проблем на учениците и наставниците

Следна статија

(ВИДЕО) Се поплави и „Ист гејт“

Најново од Вести