ОПШТИНА АЕРОДРОМ САНИРА УДАРНИ ДУПКИ ВО ГОРНО И ДОЛНО ЛИСИЧЕ

//

По разговорот со локалните жители, и земајќи ја предвид алармантната состојба на патот во Долно Лисиче, Општина Аеродром почнува со санација на критичните ударни дупки. Ова е привремено решение кое ќе обезбеди подобар тек на сообраќајот во регионот.

Ги информираме граѓаните дека заради работите на патот ќе има привремен прекин на автобуската линија 31 која поминува низ Долно Лисиче. Активностите на терен ќе се завршат во најбрз можен рок, по што сообраќајот ќе продолжи со нормален тек.

Во меѓувреме ЈП „Државни патишта“ е во подготовки за целосна и темелна реконструкција на регионалниот пат Јурумлери-Драчево, а Општина Аеродром е во постојана комуникација со јавното претпријатие. Средствата за реконструкцијата се веќе обезбедени и се очекува тендерската постапка да заврши до средина на август.



Санација на ударните дупки се врши и во Горно Лисиче, а Општина Аеродром извршува и други инфраструктурни зафати во Долно Лисиче.

Претходна статија

АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ ВО КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР

Следна статија

ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПОТПИША ДОГОВОР ЗА ДРЖАВНА ПОДДРШКА СО КОМПАНИЈАТА ТЕЛАМОН

Најново од Вести

(Фото) Вандалски акт или фотошоп- кој успеа да избрише буква од името на македонистичкиот клуб во Благоевград, напишано од внатрешната страна на излогот на клубот?!

Организацијата „Нов Асном“ денеска преку соопштение испратено до медиумите во РС Македонија се обиде да направи