ЛАМПАРД СО СИТЕ СИЛИ ТРГНУВА ПО ГЕРМАНСКА ГОЛ-МАШИНА
Челси во зимскиот проден рок нема да штеди, па од Лондон најавија дека ќе потрошат повеќе од 180 милиони евра за трансфери.
Тренерот Франк Лампард сака да се засили на неколку позиции, а еден од приоритетите е ангажирање на напаѓач, иако Тами Абрахам одлично ја почна сезоната.
Абрахам во 17 натпревари во Премиерлигата постигна 11 голови, но нема доволно поддршка со оглед на тоа дека сите останати напаѓачи заедно постигнаа само пет гола.
Оливие Жиру и Миши Батшуаи се мачат сезонава, па се очекува да бидат продадени наскоро, а потоа Челси ќе го купи Тимо Вернер, кој наводно имал откупна клаузула од 30 милиони евра.
Извор: Спорт1