ЛАВРОВ: УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА БЕА ДОНЕСЕНИ СО ПОТКУП И МЕШАЊЕ НА СТРАНСКИ ДИПЛОМАТИ

Вести Истакнато Македонија

Со уцени и поткуп на пратеници, со директна вмешаност на странски дипломати, беа наметнати уставните измени, вели министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров во интервју за грчкиот весник „Ефимерида тон синдактон”. Лавров вели дека е „очигледна големата и континуирана интервенција на НАТО и ЕУ во внатрешните работи на Македонија.

Шефот на руската дипломатија во интервјуто истакнува дека во Собранието на Република Македонија на 19-ти октомври, со уценување и поткуп на пратеници беа наметнати уставни измени, со директна вмешаност на странски дипломати, вклучувајќи го и амбасадорот на САД што е таму.

Во однос на регионот, министерот за надворешни работи на Русија вели дека ситуацијата на Балканот предизвикува загриженост, бидејќи НАТО и ЕУ им поставуваат дилема на земјите дали да бидат со Вашингтон или со Москва.