Лажна пријава за бомба пред Влада, лицето е откриено и приведено

/

Полициски службеници привеле едно лице, кое во 10:32 часот во СВР Скопје телефонски пријавило дека при посетата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен ќе биде активирана експлозивна направа пред зградата на Владата.Од МВР информираат дека преземени се потребните мерки и активности и утврдено е дека пријавата е лажна.– Лицето И.М. е приведено и задржано во полициска станивца по насоки на јавен обвинител, за натамошна постапка. Лажната пријава не влијае на посетата на претседателката на ЕК и активностите продолжуваат по планираната агенда, посочуваат од Министерство.



Претходна статија

Прилепчанец загина по пад од јаболкница

Следна статија

Нови 467 случаи на коронавирус, починаа вкупно 23 лица

Најново од Вести