| |

ЛЕКАР КОЈ БИЛ НА СВАДБАТА ТВРДИ ДЕКА ЏЕВАТ АДЕМИ Е ТОЈ ШТО ПУКАЛ И ГО ПОГОДИЛ СИНОТ

Јавното обвинителство ја интензивира истрагата за инцидентот во тетовска Мала Речица каде пред еден месец од пукотници со огнено оружје на свадба беа ранети две млади лица. Ова го тврдат од Обвинителството, но не сакаат да ја коментираат вчерашната изјава на Јусуф Биљали, татко на еден од ранетите. Како што дознава Алсат, Обвинителството побарало од МВР да се забрза постапката за вештачење на запленетите оружја од местото на настанот.

Неофицијално се дознава дека еден пиштол, но и ловечка пушка која му припаѓала на синот на пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, се земени на вештачење заедно со пиштолот на друг гостин во свадбата. Органите на прогонот се во потрага по чаурите кои не биле пронајдени на местото на настанот. Во меѓувреме, пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, денеска не одговори на барањата на Алсат да ја коментира вчерашната изјава на Биљали, кој токму него го обвини со име и презиме дека е сторител на трагичниот настан.

Целиот напис прочитајте го овде.

Слични Објави