Пишува: Славчо Неделковски/Just Saying.org
Гневот на нетрпение меѓу Македонците и Бугарите кој по ниту една линија не е природен а најмалку оправдан своја втора “ескалација” овој пат со громогласна тишина [ со сите обиди на властите во Скопје и Софија за мирен собир ] се очекува да има на 4 февруари на роденденот на Гоце Делчев кога потајно радикалните десничари и отпадот од квази левичари од двете страни на границата ќе го чествуваат “нивниот” Гоце.
Не знам кога Гоце го поделивме на “твој” и “мој” но во секој случај ако за нешто жалам е што не е жив па да каже чиј е.
Иако за време на животот поприлично си кажал што е по самоопределба и аналогно на тоа Гоце би требало горделиво да го чествуваме како “наш”.
Читам десничарски партии во Македонија рамо до рамо со отпадот од квази левичарите кој ги создаде Сорос како микс на неколку организации за време на т.н. “Шарена револуција” 2О15 година и му се одметнаа од контрола “ќе ја чувале македонштината”.
Не ми се јасни неколку сегменти од чествувањето на 151 годишнината на Гоце.
Прво зошто паника? Менталитетот на “баце” за одмерување на големината на фалусот е честа појава за сите народи на Балканот.И тоа на никој не носи ништо арно …
Па тоа “почесни гарди” па тоа “мртви стражи” абе шатори во најава и кампинг. Опозиционите десничари во Македонија не кампуваа кога се менуваше името во Северна а не пак сега за 151 годишнината од раѓањето на Гоце.
Иако имам прашање а БГ пасошот ќе го чуваат каде?!
Квази левичарите пак тоа и само имаат. Си [ по ] стојат. Ништо повеќе. Искрено најлошо од се е мешавината на овие политички партии и нивните идеологии кој кулминираше со отворањето на Македонскиот културен клуб “Никола Вапцаров” во Благоевград.
Онака “у инат” ама нешто историјата им е слаба страна.
Не биле на историскиот час дека поблизок човек од таткото на Вапцаров кон Бугарскиот Цар Фердинант I и Борис III нема а воедно Иван Јонко Николов Проданичин како деец на ВМОРО или поточно БВМОРО бил рамо до рамо со Иван Михајлов – Тодор Александров и Александар Протогеров.
Но за БВМОРО и Вапцаров во идни блог – текстови.
Кратко и за Гоце. Прво точно – апсолутно не е често името Гоце во Бугарија. Имаат “само” град со тоа име а сепак правото име на Гоце е Георги Николов Делчев.
Второ за Делчев од самиот него знаеме дека е роден во бугарско семејство во Кукуш па учел во училиште на бугарските унијати и во средно училиште поддржано од Егзархијата. Завршил бугарска машка гимназија во Солун [ која во учебниците е наведена како Машка Солунска Гимназија ] па дури и работел во военото училиште во Софија од каде бил избркан поради неговата откриена политичка посветеност на левичарската кауза.
Помеѓу 1894 и 1896 година предавал бугарски јазик во штипското училиште исто така елемент на образовната мрежа на Бугарската егзархија.
Без разлика на неговото етничко потекло и неговата декларирана националност Делчев се борел за слободата на Македонија.
Тој ја создаде внатрешната револуционерна организација спроведена на македонско тло според концептот сличен на оној на ВРО на Левски кој пак имаше корист од искуството на слични актери и процеси во Европа.
Во своите текстови познати на науката Делчев не остава сомнеж за неговата политичка намера – автономија на Македонија според одредбите на Берлинскиот договор. Нема ни навестување за обединување на регионот со Бугарија. Овде потсетуваме дека сценариото на Унијата меѓу Кнежеството Бугарија и Источна Румелија се случи главно благодарение на поволната поставеност на силите на меѓународен план.
Противречностите на Стариот континент даваат шанса што ја искористи владата на Петко Каравелов но сите големи сили јасно ставаат до знаење дека е невозможно повторување на едностраната ревизија на меѓународен чин што се случил.
Затоа и припишувањето унионистички идеи на Гоце Делчев не соодветствува со историските извори и политичката логика.
Како и симболот на борбата за таа слобода тој исто така загина трагично. Во обид да пресече една од патиштата за брз трансфер на османлиските трупи во Македонија тој и неговиот одред оштетија еден од мостовите на железничката пруга меѓу Солун и Едрене.
Како резултат на тоа будноста на локалните османлиски сили била значително зголемена. На 3 мај 1903 година Гоце и неговата чета биле опколени во селото Баница. Иронично со непријателските сили командува еден негов добар познаник и соученик.
На 4 мај револуционерот е убиен.
Целиот напис прочитајте го на just-saying.org