ЛЕКАР ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19 КОМУНИЦИРАЛ СО ПУТИН БЕЗ ЗАШТИТНА МАСКА

/

Претседателот на Руската Федерација имал контакт со лекар од Москва, кој е заразен со Ковид-19.

Д-р Денис Проценко, се сретнал со претседателот Владимир Путин за време на неговата посета на московската болница „Комунарка“ на 24 март.

Протенко и Путин разговарале без заштитни маски, а на фотографија од средбата може да се види дека двајцата се ракуваат. Според лекарот, посетата на претседателот во болницата не била планирана.

Путин бил придружуван во болницата за инфективни болести од градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин и вицепремиерот Татјана Голикова.



Д-р Денис Проценко во моментов е изолиран и работи далечински од својата канцеларија. Во својот профил на Фејсбук, тој напиша дека се чувствува добро и дека „неговиот имунитет си ја завршил својата работа“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател редовно се тестира за коронавирус и дека „сè е нормално“.



Претходна статија

РЕАЛ МАДРИД МУ СООПШТИЛ НА ЗИДАН – ЗАВРШИ ЕРАТА НА „ГАЛАКТИКОС“

Следна статија

МВР ПРИВЕЛО 17 ЛИЦА КОИ НЕ ГО ПОЧИТУВАЛЕ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

Најново од Вести