ШИЛЕГОВ ПРЕКУ FACEBOOK ИМ СЕ ОБРАТИ НА „ДУШЕГРИЖНИЦИТЕ“: ПОЛСКАТА БОЛНИЦА Е ВО СОВРШЕНА СОСТОЈБА

/

„Навистина не знам, дали и колку има човечност и зошто определени “ликови” во дел од политичките структури, упорно се обидуваат да профитираат со политикантсво во услови на вонредна состојба.

Драги “душегрижници”, болницата која што заеднички ја подигнаа Министерството за Одбрана, Министерството за Здравство и Град Скопје, како што гледате е во совршено добра состојба. Денес се зацврстија и последните два шатори (така помпезно опишани дека пропаднале), се прави приклучокот на електрична енергија и ќе биде пуштено и греењето.

Искрено се надевам дека нема да има потреба да се користисти овој капацитет.



Што се однесува до Вашата “човечност” и политикантство, сакам да верувам дека правевте првоаприлска шега со слики и констатации од 7 часот утрово, стои во статусот на градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.

Порано денеска одредени медиуми објавија фотографии и написи дека априлскиот снег ја срушил полската болница пред Инфективната клиника во Скопје.

Претходна статија

СЕ УТВРДУВА ДАЛИ ПОЧИНАТАТА НА ГАК РОДИЛКА ОД ОХРИД БИЛА ЗАРАЗЕНА СО КОВИД-19

Следна статија

РЕАЛ МАДРИД МУ СООПШТИЛ НА ЗИДАН – ЗАВРШИ ЕРАТА НА „ГАЛАКТИКОС“

Најново од Вести