„ЉУБЕН ЛАПЕ“ И „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ ЌЕ ДОБИЈАТ НОВИ ПОДОВИ

/

Општина Аеродром деновиве почна со реконструкција на подовите во основните училишта „Љубен Лапе“ и „Лазо Ангеловски“.
Во рамки на активностите се заменуваат старите подови со нови еластични ПВЦ подови во училниците односно кабинетите каде се одржува настава, за што Општината издвои околу 2 милиони денари од сопствениот Буџет.

Исто така, во основното училиште „Лазо Ангеловски“ се реконструира подот во холот на училиштето, со средства обезбедени од самото училиште.



Со оглед на тоа што условите во училиштата се исклучително важни за квалитетен воспитно-образовен процес, Општина Аеродром ќе продолжи и во иднина да создава современи услови за поуспешно образовно искуство.

Претходна статија

ПРОНАЈДЕНИ ИСЧЕЗНАТИТЕ СЕСТРИ ОД ПРОБИШТИП

Следна статија

НОВИТЕ КОНЦЕСИИ ГАРАНТИРААТ ЗАШТИТА НА РИБИТЕ ВО РИБОЛОВНИТЕ ВОДИ

Најново од Вести