| |

П. КОЛЕВ: ЖАЛНО Е ШТО МАКЕДОНИЈА ТРПИ ОД НЕОДГОВОРНИОТ ОДНОС НА НАЈГОЛЕМАТА ОПОЗИЦИСКА ПАРТИЈА

„Жално е што поради неодговорниот однос на најголемата опозициска партија, ќе трпи Република Македонија“- изјави Петар Колев, претседател на Граѓанско демократската унија во емисијата „24 Анализа“ на ТВ 24. Тој додаде дека се сомнева во содржината на точните термини употребени во писмото на Мицкоски до Вес Мичел. Колев истакна дека со огромно нетрпение го чека денот кога Александар Николоски ќе каже со рака на срце што слушнал на средбата на ЕНП, од страна на Жозеф Дол и од Андреј Ковачев за проширувањето на ЕУ на Балканот.  „Да бидеш најголема опозициона партија е одговорност, која не значи само борба по секоја цена да дојдеш на власт“- истакна уште Колев.

Слични Објави