ВО ОХРИД ЌЕ СЕ ОДРЖАТ ИНФОСЕСИИ ЗА ПРОГРАМАТА „КРЕАТИВНА ЕВРОПА“

По одржаните заеднички Инфосесии за Креативна Европа (Култура и МЕДИА) во Куманово, Битола, Тетово и Струмица, од 20 до 23 јули 2018 година Канцеларијата за Креативна Европа ќе организира серија настани во Охрид.

На 20   јули со почеток во  11 часот во Општинската сала во Охрид со м-р Билјана Прентоска од Министерствота за култура ќе се одржи „Инфо сесија за Креативна Европа – Потпрограма Култура, Категорија: Проекти за соработка“. Програмските активности продолжуваат во 13 часот во Филмската академија во Охрид ќе се одржи Конференција на тема: „Важностa на регионалната соработка и копродукции во контекст на земји со низок продукциски капацитет и примери на успешни МЕДИА проекти од регионот“. На настанот ќе бидат присутни претставници на Канцелариите за Креативна Европа – МЕДИА на Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора. На 21 јули, со почеток во 12 часот во Филмската академија во Охрид превидени се индивидуални консултации за Креативна Европа – Култура и МЕДИА.

На 22 јули со почеток во 24.00 часот на плажата „Оревче“ е превиден музички перформанс со Фолтин и DJ Rootboy за затворањето на Beach Film Festival во организација на Канцеларијата за Креативна Европа – МЕДИА.

Слични Објави