| |

ЛИБЕРАЛНА ПАРТИЈА СО ПОДДРШКА ЗА БОРБАТА ПРОТИВ ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ КОИ СЕ НОСАТ ВО ИНТЕРЕС НА ГРАДЕЖНИТЕ МОЌНИЦИ

Либералната партија ја поддржува „О2 иницијатива“ во борбата против законските измени кои се носат во интерес на градежните моќници, а се заобиколуваат потребите и барањата на граѓаните.
Во времето на груевизмот беше извршено безобразно насилство врз урбанизмот и непочитувањето на влијанието на новите градби врз животната средина, врз здравјето на лугето и квалитетот на животот. Тогашната опозиција сегашна власт ветуваше законски измени во интерес на граѓаните, а не закони во интерес на градежната мафија. За да не се повторат грешките од минатото и да не се доуништи и она малку зеленило кое е останато во Скопје (најзагадениот град во Европа) предлагаме Министерството за транспорт и врски и Владата на РМ да ги разгледаат и да ги имплементираат забелешките поднесени од „О2 иницијатива“.



Слични Објави