ВО ГРЦИЈА ПОТВРДЕН ЧЕТВРТИОТ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС
Гркинка која неодамна се вратила дома од северна Италија стана четвртиот случај на коронавирус во Грција.
Нејзината состојба е стабилна и внимателно се следи, соопштија здравствените власти.
Станува збор за 36-годишна жена која е примена во болница во Атина, јавуваат грчките медиуми.
Извор: Макфакс