ШВЕРЦЕР И БЕГАЛ НА ПОЛИЦИЈАТА СО КОМБИ СО 40 МИГРАНТИ

//

На 26.02.2020 во 23.00 часот на магистралниот пат Штип-Радовиш, полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции дале знак за запирање на патничко возило- комби „пежо“ со велешки регистарски ознаки, но возачот не застанал и продолжил со движење кон Штип. Во близина на с.Лакавица запрел и при преглед во возилото биле пронајдени 40 лица – мигранти, а возачот З.Б.(39) од Велес бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Штип за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.





Претходна статија

ОВА Е ХИТ: „BRASS BROTHERS“ ЈА СНИМИЈА ПРВАТА АВТОРСКА ПЕСНА! (ВИДЕО)

Следна статија

ВО ГРЦИЈА ПОТВРДЕН ЧЕТВРТИОТ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС

Најново од Вести