ОВА Е ХИТ: „BRASS BROTHERS“ ЈА СНИМИЈА ПРВАТА АВТОРСКА ПЕСНА! (ВИДЕО)

//

Не веруваме дека досега некој не присуствувал или во крајна мера не чул за Brass Brothers, еден од најпопуларните бендови во нашата земја од Битола. Момците со нивната опуштеност, харизма и неверојатната музика која ја свират, секојпат овозможуваат вистински да уживате во нивната забава. Нивната единственост остава впечаток кој не само што долго се помни туку и ве предизвикува веќе никогаш да не пропуштите нивни настап. И бидејќи секогаш се подготвени со изненадувања, овој пат за публиката го подготвија најголемото изненадување и нѐ израдуваа со нивната прва авторска песна „Време- Невреме“.

„Време – невреме“ е песна на која како автори на текстот се потпишуваат Елена Тодосиоска и Дејан Марковски, музиката е на Горан Мицевски – Кус, а аранжманот е на познатиот пејач Димитар Андоновски.

  • На ваше барање, а на наше огромно задоволство ви ја преставуваме нашата прва авторска песна. Последиците од невремето кое го живееме и револтот кој го изразуваме во „Време – невреме“ ,не сакаме да бидат искористени од страна на актуелните политички опции и се оградуваме од истите. Главната порака е : „СО ЉУБОВ ДА ПОБЕДИМЕ” – велат момците од „Brass Brothers“.

Тие нема да застанат само на оваа песна. Веќе се подготвува и втората, а дотогаш уживајте во „Време- невреме“!



Претходна статија

ПОТВРДЕНИ ДВА НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ВО ГРЦИЈА

Следна статија

ШВЕРЦЕР И БЕГАЛ НА ПОЛИЦИЈАТА СО КОМБИ СО 40 МИГРАНТИ

Најново од Истакнато