ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Зоран Заев со непотизам и партизација ја урнисуваат државата и ги приватизираат институциите
Криминалниот картел во врвот на власта ја киднапира Македонија. СДСМ и Зоран Заев со непотизам и партизација ја урнисуваат државата и ги приватизираат институциите, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Државните институции се користат за вработување на партиски активисти и луѓе блиски до врхушката на власт.
Наместо транспарентност и отчетност при вработувањето во државните инстуции како што ветуваа во предизборниот период сега имаме вработување по партиски клуч и згрижување на блиски роднини на функционерите како начин на работа.
Поранешниот член на ДИК, Игор Милев е вработен како советник на директорот на Царинската Управа. Неговата сопруга, иако трето рангирана е избрана за судија во Апелациониот суд во Скопје.
На позиција втор човек во АД за Стопанисување со станбено деловен простор е поставен Јон Фрчкоски, син на Љубомир Фрчкоски, додека вдомување во АД ЕЛЕМ добија и синот на Мирослав Грчев, ќерката на Талат Џафери и сопругот на Магдалена Несторовска.
Единствен услов овие луѓе да се вработат во институциите на државата е слепата лојалност кон криминалниот картел на СДСМ и роднинските врски.
И на локално ниво има масовна партизација.
По преземањето на функцијата градоначалник, своите сопруги како наставници ги вработија и градоначалниците на Берово и Неготино.
Директорите на институциите исто така си ги вработуваат своите сопружници и деца. Градоначалничката на Битола својот брат си го вработи како наставник веднаш по стапувањето на функција, а по нејзин пат продолжија и директорите на останатите институции.
Градоначалникот на Прилеп, си ги вработи двете свои внуки и зетот на државна сметка. Криминалниот картел наречен СДСМ ја претвори државата во своја приватна сопственост. Овој криминален картел мора да си замине ! Граѓаните заслужуваат подобро, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

