Продолжува потрагата по двајцата косовски полицајци кои со возило паднаа во реката Лепенец
Македонската полиција ја продолжува потрагата по телата на 26 годишниот Малсор Даши и 23 годишниот Арменд Трена, двајцата косовски полицајци кои излетаа вечерта во саботата во реката Лепенец од косовска страна. МВР се вклучи во потрагата поради претпоставка дека е можно реката да ги однела телата на македонската страна од границата. Несреќата со Даши и Трена се случила за време на нивна патрола на излез од градот Качаник, кога службеното возило во кое биле од непознати причини излетало од патот во провалија длабока 150 метри и завршило во водите на Лепенец.