ОДЛОЖЕН ДУЕЛ ОД ЛИГА ЕВРОПА, АМА НЕ ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ!

/

Вечерва се играат натпреварите од нокаут-фазата во Лига Европа, но дуелот меѓу Салцбург и Ајнтрахт Франкфурт мораше да биде одложен поради најава за големо невреме.

Поради најавата за циклон, властите во Австрија решија да го одложат мечот меѓу екипите, кој беше закажан за 21 часот вечерва.

„Поради предупредување за циклон за вечерва, кој ќе биде проследен со ветар од дури 120 км/ч, Салцбург реши да го откаже мечот со Франкфурт, кој требаше да се одигра вечерва“, порачаа од австрискиот тим.

УЕФА допрва треба да објави нов датум, кога ќе се одигра одложениот натпревар.



Извор: Спорт1

Претходна статија

ПОТВРДЕНИ ДВА НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ВО ГРЦИЈА

Следна статија

ШВЕРЦЕР И БЕГАЛ НА ПОЛИЦИЈАТА СО КОМБИ СО 40 МИГРАНТИ

Најново од Вести