Велчев за односите меѓу Софија и Скопје: Се надевам дека тензиите меѓу нашите две земји се останати во минатото

//

Ние се наоѓаме во период на развој, се надевам дека тензиите меѓу нашите две држави се останати во минатото и пред нас е заедничкиот пат, на кој што треба да и помогнеме на РС Македонија во зачленувањето во ЕУ. Ова специјално за Трибуна го изјави поранешниот главен обвинител на Република Бугарија и поранешен уставен судија проф. д-р Борис Велчев, ректор на Вишото училиште за осигурување и финансии од Р. Бугарија.

Велчев се наоѓа во посета на РС Македонија на која ја официјализираше соработката меѓу приватната високо-образовна институција со која раководи и Американскиот универзитет во Европа-ФОН од РС Македонија. Поранешниот главен обвинител и уставен судија беше присутен и на церемонијата на доделувањето на титулата „Доктор Хонорис кауза“ на бугарскиот европратеник и главен известувач на ЕП за РС Македонија г-н Илхан Ќучук



„Тоа што го правиме во областа на високото образование со АУЕ-ФОН е добар пример кој може да биде следен од други универзитети, од бизнисот, а исто така и од политичарите. Tие можат да земат пример од овие односи и да ги развијат на начинот, на кој што го правиме тоа ние“, изјави Велчев за порталот Трибуна.

Претходна статија

Сијарто: Ограничување на цената на рускиот гас е спротивно на интересите на Унгарија

Следна статија

Европратеникот и известувач за РС Македонија на ЕП Илхан Ќучук стана „Доктор Хонорис кауза“ на Американскиот универзитет во Европа-ФОН

Најново од Вести