|

Лицата со аутизам влегоа во Законот за вработување на лица со попречености

Лицата со аутизам за првпат влегоа во Законот за вработување на инвалидни лица и отсега работодавачите, сопственици на фирми ќе можат да ги користат нивните специфични дарби за одредени професии и место сами да обезбедуваат средства за посебни простории, услови за работа, слушалки за изолирање од надворешни звуци, гужви и галами, ќе можат да аплицираат и државата да им помогне, јавува СДК.

Измената на Законот за вработување на инвалидни лица со која и лицата со аутистичен спектар на нарушување и лицата со други первазивно развојни растројства ќе можат да бидат вработени, Собранието ја донесе на пленарната седница одржана на 12.09.2025 година, пред кампањата за локалните избори.

Оваа законска измена ја побара Народниот правобранител, обраќајќи се пролетта до Владата со Иницијатива за измена на овој Закон и внесување на аутистичните лица во него.

Слични Објави