ЛИДЕРСКА СРЕДБА КАЈ ПЕНДАРОВСКИ

Лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски вечерва се на средба во претседателската вила на Водно откако претседателот Стево Пенадросвки денеска ги повика да најдат решение кога да се одржат предвремените парламентарни избори.

Пендаровски  во обраќање до јавноста истакна дека избори треба да има, но оти тие треба да бидат во договор и со учество на сите политички субјекти.

Според Заев, до утре, кога завршува вонредната состојба, постои можност за договор за датум за избори меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Заев рече дека јавно ќе побара продолжување за три дена на вонредната состојба од претседателот на државата доколку ВМРО-ДПМНЕ се согласи изборите да се одржат на 8 јули.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, како што изјави генералниот секретар Игор Јанушев, бара од претседателот Пендаровски нова вонредна состојба поради зголемениот број заболени и починати од КОВИД-19.