ЈОРДАНОСКИ: МЛАДИТЕ МОРА ДА СЕ БОРАТ ДА НАПРАВАТ ПРОМЕНА И ДА БИДАТ ИНСПИРАЦИЈА ЗА ПОДОБРО УТРЕ

Интервју на порталот Поглед на носителот во изборната единица 5 од Граѓанско Демократската Унија- Даниел Јорданоски.

Според досегашните информации, Вие ќе бидете носител во изборната единица 5 од Граѓанско Демократската Унија. Зошто еден млад човек како Вас се реши да се активира во еден прилично нов политички субјект на македонската политичка сцена?

Ова е прашањето што најчесто го добивам од својата фамилија и своите пријатели. Зошто се активираш кога знаеш дека тој свет е мрачен и полн со интриги? Зошто кога имаш комфорен живот и остварено семејство на кое може да му се посветиш и безгрижно да уживаш? Мојот потитички ангазман доаѓа од огорченоста и неправдата во општеството во кое живееме. Тое е исполнето со партиски војници, агенди и присвојување на државата за тие две структури. Впрочем ние како да не сме дел од државата, како да е тоа нивна приватна имовина. Тоа, пред се, е главната причина, но и останатите. Затоа што доктор стануваш преку партија, полицаец стануваш со партиска активност и државен административец стануваш со партиска книшка. Тоа е Македонија која не смее да продолжи да биде, чинам огромна жртва дадовме сите. Само за момент завртете се околу себе и погледнете каде Ви се браќата, сестрите, родителите, братучедите. Чинам 50% веќе работат некаде во Европа. Впрочем ќе тргнам од себе. Имам еден брат и тој е во Германија. Останатиот дел од фамилијата е распрскан по светот, нормално трагајќи по нормален и достоинствен живот. Не секојдневие во кое за еден извод од матично ви треба покритие од партија или некој познаник. Во спротивно ќе Ви недостасуваат документи и ќе чекате 3 недели. Тука мора да го споменам и клиентелизмот кој е длабоко навлезен во сите институции и кој дополнително ги урива сите надежи за нормална држава каде интелектуалците ќе бидат интелектуалци, историчарите историчари, докторите доктори, а не партиски војници со партиска агенда. Судството не функционира, правда е мисловна именка, инфраструктра не постои, здравството е заглавено 100 години наназад, образованието е уништено. Што повеќе да се каже? Впрочем сите тоа добро го знаеме, но не сакаме да ја напуштиме комфорната зона и да дадеме жртва за колективен успех. Јас одлучив да не го чекам Годо по дрво и сам да придонесам за подобра иднина на ова општество и понормална Македонија. Мора да дадеме личен пример и сите заедно да придонесеме и да докажеме дека вака не оди и дека Македонија и народот кој живее во неа не го залужуваат ова. Јас одлучив да не бидам набљудувач или да посегнам по најлесното и да заминам од својата држава. Тоа мора да запре! Младите мора да се борат да направат промена и да бидат инспирација за подобро утре. Мораме, ако не заради нас, тогаш заради нашите деца и идните генерации. Македонија е наша држава, а не само на ДПМНЕ и СДСМ! Тешко е и тој пат е трнлив, но бегајќи и давајќи квалификации дека не не бива, нема да промени ништо. Налесно е да се откажеш а најтешко да пробаш да промениш.

Целото интервју прочитајте го овде.