ЛИДС СО ИНТЕРЕСЕН ПРЕДЛОГ: ТОТИ СЕ ВРАЌА ОД ПЕНЗИЈА И ЌЕ ИГРА ЗАЕДНО СО АЛИОСКИ!?

Лидс јунајтед планира да го ангажира искусниот голман Џанлуиџи Буфон, а очигледно екипата кадешто настапува Езгјан Алиоски има и други планови, кои го вклучуваат и легендарниот Франческо Тоти.

Наводно, Лидс му понудил на Тоти да се врати од пензија и да потпише едногодишен догвоор со англискиот клуб, кој сака да се врати во Премиерлигата, па смета дека тоа може да им успее заедно со искусните Италијанци.

Меѓутоа, тешко може да се очекува дека Тоти ќе прифати таква понуда, зашто веќе две години е надвор од фудбалските терени. Но, доколку добие директорска позиција, тогаш постои можност да се пресели во Лидс.

Извор: Спорт1