|

Лишен од слобода бегалец од затвор, осуден за убиство на затворска казна од осум години

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потрага, денеска околу 07:10 часот во селото Манастирец, општина Росоман, го уапсиле Б.Л. (38), лице кое се барало по централна потерница.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, Б.Л. бил осуден на осумгодишна затворска казна за сторено кривично дело убиство, согласно член 123 од Кривичниот законик. Лицето се наоѓало во бегство од 18 август 2023 година, кога избегало од Казнено-поправната установа – Затвор Штип.

Од МВР информираат дека уапсениот бил предаден назад во КПУ Затвор Штип за доиздржување на остатокот од казната, кој изнесува четири години, девет месеци и 24 дена.

Слични Објави