ВМРО-ДПМНЕ во раст од 17,5% во делот на советнички места, додека пак СДС опаѓа за 42%, граѓаните направија вистински избор

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека, според резултатите од локалните избори, партијата освоила 550 советнички места низ државата и градот Скопје и над 300 илјади гласови. Од партијата наведуваат дека ова претставува раст од 82 советнички места, односно зголемување од 17,5 проценти во споредба со претходните избори. Во соопштението се додава дека СДС, како опозициска партија, освоила околу 230 советнички места, што е за 166 помалку од минатиот изборен циклус, односно за 42 проценти помалку.

„Со освоените 550 советнички места низ целата држава и градот Скопје, како и освоени над 300 илјади гласови, ВМРО-ДПМНЕ докажа дека ја има довербата од народот. Исто така важно е да се напомене дека ВМРО-ДПМНЕ има раст од 82 советнички места, или во проценти 17,5%.

Од другата страна, опозицијата предводена од СДС, освои околу 230 советника, што е за 166 советници помалку од минатите избори или пак во проценти, за 42% помалку места во советите. СДС има и енормно намалување и на гласовите, со тоа што освои околу 126.000 гласови, што е за 111.000 гласови помалку од локалните избори 2021 година.

Големиот број на реализирани проекти, градинки, училишта, здравствени домови, пазари, изградба на атмосферска, фекална и канализациона мрежа, голем број на субвенции за инвертер клими, велосипеди, електрични тротинети, финансиска поддршка за социјално ранливите категории, како и други мерки кои ги имаа преземено локалните самоуправи предводени од ВМРО-ДПМНЕ, се покажаа како одлични за граѓаните, кои повторно во голем број го дадоа својот глас за бројот 9.

Ова е одличен стимул за ВМРО-ДПМНЕ, дека сме на прав пат и дека треба да продолжиме онаму каде што сме застанале, со работа за нашите граѓани.

Затоа е многу важно, на 2 ноември, повторно граѓаните да излезат масовно и да го заокружат бројот 9, и да го направат вистинскиот избор, со твојот човек, за твоето место, за твојата иднина.“

Слични Објави