Љупчо Зиков: Урсула фон дер Лајен им го скина филмот на сите “чегеваровци”

/

Директорот на МЕПСО Љупчо Зиков со остра реакција за настаните што се случија вчера во и пред Парламентот. Според него со своето излагање пред пратениците во Собранието, претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, им го „скинала“ филмот на сите „чегеваровци“.

„Ја поздравувам госпоѓа Ursula von der Leyen, претседателката на Комисијата … Убав говор! Го кажа најважното, направи сублимат на се што се случува и тоа во вистински момент.
Ги разби сите дилеми и им го скина филмот на сите “чегеваровци” овде по сокаците на Скопје, особено оние “платени” да прават пиздарии …

Мојата порака до госпоѓата од Брисел е – чекајте не госпоѓа Урсула … Спремајте се и вие за преговори со нас … Знаеме ние што и како треба.
Доаѓаме ние … Но, ние најмалку ќе зборуваме или воопшто нема да зборуваме за историја …
Многу повеќе ќе преговараме за економски реформи, за реформи во образование и здравство, но и за организираниот криминал, корупцијата и мафијата која секојдневно го јаде ова општество. За тоа ние сакаме да преговараме …

Ете за тоа е оваа вознемиреност периодов овде по долината на Вардар.
Ќе се запалат светлата наскоро …
Има Македонија и ќерки и синови, подготвени со знаење и спремни да ги завршат преговорите за 5 до 7 години …
И Македонија да стане член на семејството на кое цивилизациски припаѓа, а докажа многупати во овие последни децении …



Напред Македонија“, напиша на својот facebook профил Љупчо Зиков, Директор за финансии на МЕПСО .

Претходна статија

Амбасадата на САД ги повика своите граѓани веднаш да ја напуштат Украина

Следна статија

Од полноќ нова цена на нафтените деривати

Најново од Вести