Лондон ја обвини Русија дека подготвува хаос и паника во Велика Британија

//

Британската влада ја обвини Русија дека шпионира стратешки инфраструктурни објекти во земјата поради евентуални планови за предизвикување хаос во Велика Британија. Во интервју за британскиот вeстник Daily Telegraph британскиот министер за одбрана Гевин Вилијамсон тврди дека Москва извршила истражување на мрежата за испорака на електрична енергија, што ги поврзува Велика Британија и Европа. Ова укажува на тоа дека Москва се обидува да дознае како може да предизвика паника или да ја нападне земјата, рече министерот. Тој тврди дека Русија размислува како може да предизвика најголема можна штета во Велика Британија, уништувајќи ја нејзината економија, нејзината инфраструктура и предизвикувајќи тотален хаос во земјата.

Претставникот на руското Министерство за одбрана генерал Игор Конашенков коментира дека во „борбата за повеќе пари за воениот буџет министерот Вилијамсон очигледно изгубил представа за тоа што е разумно“. Тој додаде дека тврдењата на Лондон се дојстојни за тема на некој стрип или за сторија на комичната серија „Монти Пајтон“, бидејќи информациите за локациите на британските централи или цевководи е исто толку „тајна“, колку што е локацијата на парламентот во Лондон.



Претходна статија

На кого може да смета Русија во Европа?

Следна статија

Државниот врв денеска на координативен состанок за предлозите на Нимиц

Најново од Вести