Државниот врв денеска на координативен состанок за предлозите на Нимиц

//

Државниот врв денеска на координативен состанок ќе ја разгледува иницијалната рамка за решавање на спорот за името, која ја предложи медијаторот Метју Нимиц.

Состанокот, кој вчера и официјално беше најавен од Министерството за надворешни работи, ќе се одржи во 18 часот, во Клубот на пратеници.

На состанокот ќе учествуваат претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Од МНР соопштија дека по завршувањето на средбата не е предвидена прес-конференција и изјави за медиумите.

Посредникот на ОН во разговорите за името, Нимиц, на 17 јануари по средбата со македонскиот и со грчкиот преговарач, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис, во седиштетот на ОН изјави дека има големи надежи дека овој процес се движи во позитивна насока и дека на повидок е решение на спорот за името.



Нимиц на покана на владите на Македонија и на Грција ќе престојува во Атина и во Скопје во периодот од 29 јануари до 1 февруари.

Тој на 31 јануари ќе пристигне во Скопје, а следниот ден ќе има средби со државниот врв.

Извор: Мета

Претходна статија

Лондон ја обвини Русија дека подготвува хаос и паника во Велика Британија

Следна статија

Од понеделник излегуваат на слобода првите амнестирани затвореници

Најново од Вести