ЛОШОТО РАСПОЛОЖЕНИЕ ВСУШНОСТ МОЖЕ ДА ВЕ НАПРАВИ ПОПРОДУКТИВНИ
Лошите вибрации може да ви помогнат да ја зголемите вашата продуктивност – новото истражување покажа дека за некои луѓе, лошото расположение може да им го фокусира вниманието, да ги натера подобро да си го организираат времето и многу подобро да ги решаваат задачите.
Се чини дека се зависи од каква личност сте. Некои луѓе имаат експлозивен темперамент, а нивните емотивни реакции се интензивни и траат долго. Другите се пофлегматичнои, што значи дека дури и ако се налутат, тоа не трае долго.
Оваа студија покажа дека фегматичните не гледаат многу полза од лошото расположение. Всушност, тогаш нивната продуктивност и ефикасност опаѓа.
Истражувачите од Универзитетот Ватерло во Канада велат дека нивните наоди нудат повеќе увид во тоа како емоционалното расположение влијае врз извршувањето на важна група на вештини, вклучувајќи ги паметењето, брзото размислување, забележувањето детали и многу други.
„Резултатите покажуваат дека кај некои луѓе лошото расположение ги осакатува функциите на логицирањето што се важни за секојдневниот живот”, вели еден од психолозите Тара МекАули.
Студијата користела податоци од 95 учесници кои требало да завршат девет различни задачи и да одговорат на прашања во врска со нивното расположение и тип на личност. Кај експлозивните поединци, лошото расположение има директна поврзаност со подобрите перформанси.
Се чини дека позитивното расположение не влијае на когнитивните перформанси ниту на експлозивните, ниту на флегматичните лица.
Зошто е ова така не било во опфатот на студијата, но истражувачите сметаат дека експлозивните луѓе се навикнати да чувствуваат негативни емоции и можеби ќе можат подобро да се справат со лошите расположенија.
Но, внимавајте да не бидете нерасположени и лути ког аодите на работа.
„Луѓето не треба да ги толкуваат резултатите на студијата како оправдување да пукаат или да претеруваат“, вели МекАули.
„Знаеме дека емоционалната реактивност се разликува од личност до личност, почнува во многу рана возраст и овие индивидуални разлики имаат последици по менталното здравје на личноста”.
Поради тоа што репрезентативниот примерок на оваа студија беше премал, ќе бидат потребни многу повеќе истражувања за подобро да се разбере што се случува овде – и тоа повеќе луѓе, на повеќе возрасти.
Веќе постои истражување на ползата од лошото расположение: се додека тие чувства се привремени, психолозите сметаат дека можат да ни помогнат подобро да се справиме со секојдневните предизвици и тешките ситуации.
И сега, за некои од нас барем, се чини дека лошото расположение навистина може да доведе до прпдуктивен ден..
„Веруваме дека сме на добар пат да сфатиме како индивидуалните разлики во расположението ја обликуваат ефективната примена на извршните вештини, а тоа дава увид во важна, но релативно малку сфатена психолошка област”, заклучуваат истражувачите.

