Лукаревска: Не забележав дека на членови на ВМРО-ДПМНЕ им бил забранет пристап до Мечкин Камен

/

Не забележав дека на членови на ВМРО-ДПМНЕ им бил забранет пристап до Мечкин Камен за прославата на Крушево. Видов луѓе кои дојдоа за да го чествуваат празникот, а не дојдоа поради кавги и инциденти, кажа потпретседателката на СДСМ Сања Лукаревска после обвинувањата на опозициските партии околу организацијата на прославата за Илинден во Крушево.

-Мислам дека оваа година достоинствено го прославивме Илинден на сите места и се покажа дека Илинден е обединувачки момент кој што треба да значи просперитет на државата. Премиерот Ковачевски имаше таму одличен говор. Не значи дека имаше партизација на било каков настан. На крајот на краиштата, на Мечкин Камен ниту се добиваат или губат избори. Во овој момент на сите свечени настани, треба да бидеме ибединети и да се работи на политичката култура, рече Лукаревска во емисијата „Жешко политичко лето“.

Извор: Zoom. mk





Претходна статија

Вицепремиерката Грковска се сретна со претставници од Американската стопанска комора

Следна статија

Албин Курти и Александар Вучиќ ќе се сретнат во Брисел на 18 август

Најново од Вести