| |

Мадрид: Косово може да стане дел од ЕУ само како српска покраина

Шпанија објави дека Косово може само да пристапи во ЕУ, само како регион на Србија, објави Б92.

Шпанија ќе се согласи за пристапување на Косово во ЕУ само како посебна администрација во рамките на Србија. Во оваа смисла, Шпанците испратија писмени приговори до официјалните претставници на Унијата, но и неколку протестни документи.

Ставот на Шпанија за непризнавање на едностраното прогласување независност на Косово се заснова на одбрана на принципите на територијален интегритет на државите кои се во согласност со меѓународните закони и владеењето на правото.

Според весникот Вечерње новости додава дека ситуацијата во Каталонија го зајакнала ставот на Шпанија во однос на Косово. Мадрид не сака да слушне за било каков преседан, бидејќи истиот може да се искористи, како оправдување на сепаратизмот на одредени шпанските региони.



Слични Објави